Утре продолжува конститутивната седница во Собранието

Собранието утре ќе ја продолжи коститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања за изборите и именувањата.

Таканаречената тиранска платформа беше главна тема и на денешното 14-то продолжение од расправата, кое помина со реплики и контрареплики на пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже од платформата и да бидат организирани брзи избори за излез од политичката криза, додека пратениците на СДСМ и коалицијата се воздржуваа од реплики и само со процедурални забелешки побараа претседавачот да ја води седницата согласно Деловникот.