среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 29

Утре продолжува судскиот процес за „Дива населба“

Утре продолжува судскиот процес за обвинетите од „Дива населба“. Дваесет и деветмината обвинети кои како вооружена група дејствувале против македонската полиција во март минатата година во Дива населба во Куманово утре повторно ќе седнат на обивнителна клупа.

obvineti-diva-naselba

Поврзани вести

Утре продолжува судскиот процес за обвинетите од „Дива населба“. Дваесет и деветмината обвинети кои како вооружена група дејствувале против македонската полиција во март минатата година во Дива населба во Куманово утре повторно ќе седнат на обивнителна клупа.

Судењето против лицата што се товарат за тероризам започна вчера. На почетокот на судскиот процес против обвинетите за тероризам, одбраната побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.

Судот не го прифати барањето на адвокатите со образложение дека Специјалното обвинителство досега не доставило барање за преземање на овој случај.

Образложувајќи го обвинителниот акт, јавниот обвинител Наум Пановски рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце.

Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.

Според Обвинителството, структурата на вооружената група била составена од три нивоа. Првото ниво било командната структура во која најголем дел се државјани на Косово, второто ниво била логистиката која обезбедувала помош и засолниште за учесниците во нападот и најголем дел од нив биле од Македонија, додека во  третото ниво биле извршителите, кои биле од Косово.

Пред да започне судскиот процес беа преземени засилени безбедносни мерки во и околу судот, како и на локалните сообраќајници, а за време на доведувањето на обвинетите местото го надлетуваа полициски хеликоптери.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили.

Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Најчитани вести