Утре сите на велосипеди

Утре, љубителите на велосипедизмот, во 17.30 часот, ќе возат на скопските улици, како дел од настанот „Kритична маса“, кој оваа година се одржува под мотото „Точак за сите генерации!“.

Стартот е закажан на плоштадот Македонија, а потоа ќе се вози по булеварот Партизански одреди,  до трговскиот центар „Лептокарија“.

Организатори на настанот упатуваат апел до сите заинтересирани, да се вклучат во настанот, со цел да го промовираат велосипедизмот и да ја подигнат свеста кај граѓаните што почесто да патуваат со велосипед.

Со ова, организаторите  упатуваат и порака на локалните власти за потребата од изградба на велосипедски патеки.