Македонија

Утре со услови за локален дожд и снег

Утре со услови за локален дожд и снег

Утре ќе има услови за слаб локален дожд и снег, особено во северните делови. Како што најавуваат од УХМР, во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време.

Времето денеска, како што информираат од УХМР, ќе биде сончево со умерена облачност.

Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има зголемување на облачноста, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 11 степени.