Утре сончево и многу топло

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе преовладува сончево и многу топло време, кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста.

Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, а УВ индексот ќе има висока вредност 7. Во четврток времето ќе биде променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е процесите да бидат и поинтензивни. Во петок ќе има преодно намалување на облачноста и ќе дува умерен северен ветер што ќе услови опаѓање на дневната температура.