Македонија

Утре ќе спиеме еден час повеќе

Утре ќе спиеме еден час повеќе

Утре ќе спиеме еден час повеќе. Од ноќеска почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

Тоа значи дека во 3 часот ноќва стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.