Утре топло, но со дожд и грмежи

Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови  локално ќе има повторна слаб развој на нестабилна облачнос  која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.

Температурата ќе достигне до 41 степен.

Во Скоје, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде 39 степени, а УВ 9

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност  со пороен дожд, грмежи и засилен ветер засилен ветер се очекува в среда кон  четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5  до 7 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на  викенд кога ќе има со локална  нестабилност проследена  поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.