четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 47

Утре треба да пристигне донацијата од Романија за поплавените

Преку Механизмот за цивилна заштита се очекува утре да пристигне донацијата од Република Романија.

poplava

Поврзани вести

Преку Механизмот за цивилна заштита се очекува утре да пристигне донацијата од Република Романија.

Донацијата ќе биде предадена во кругот на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На примопредавањето на донацијата, како што информираат од ДЗС, ќе присуствуваат претставници од Амбасадата на Република Романија како и претставници од владата на Република Македонија.

Инаку, во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Република Грција, Република Австрија, Република Чешка, Република Унгарија, Република Бугарија, Република Словачка и Република Холандија.

Најчитани вести