Утре тргнува караванот за наградната игра Фискална во рака, награда без мака

На 30 јуни, со директен пренос на МТВ ќе се одржи седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Во ова коло ќе бидат извлечени добитниците на стан, деловен простор, автомобил и 150 вредносни ваучери. Неизвлечените коверти од второто, третото, четвртото, петтото и шестотото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, заедно со испратените коверти во текот на овие денови, ќе учествуваат во ова 7мото извлекување.

Досега од наградната игра Фискална рака-награда без мака чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на: Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петтото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.