петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 29

Утре и во понеделник без струја повеќе делови од Скопје

Во текот на утрешниот ден и во понеделник без снабдување со електрична енергија ќе бидат повеќе делови од Скопје.

strujaNebo

Поврзани вести

Утре во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од Петровец, селата Брезница, Летевци, тунел РадиоФар, село Градманци, Катланово, село Чојлија и село Ржаничино, општина Петровец, а од 9:30 до 12:00 часот корисниците од ул. Кеј Димитар Влахов број 4, објект на Стара Комерц, општина Центар.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во период од 9:00 до 14:30 часот ќе имаат корисниците од објектите на ЗИНЕС, бетоњера Беровиќ, објектот на Златна Рака, село Љубош, делот од главниот пат десно и пред главниот пат од Драчево кон село Батинци, објектите на излез од населба Драчево кон село Љубош, операторите ОНЕ, ВИП и Т-Мобиле над Драчево, општина Кисела Вода и Студеничани.

Во понеделник без електрична енергија од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Раовиќ, дел од село Буковиќ, село Ласкарци и село Паничари, општина Сарај, 9:00 до 13:00 часот корисниците од улица Христо Татарчев, Сава Ковачевиќ, улица 2, во општина Кисела Вода, и од 8:00 до 18:00 часот корисниците – фирми во кругот на бивша фабрика Стаклара- По-Лет, Мулти Медија, Крас Македонија, Ауто Македонија, Расцо Македонија, Хипа-Им, Интер Графика, Електро Ремонт, ресторан МАНДРА, Делмо- Скопје, Лесо 95, ресторан Градина и други во тој потег, општина Кисела Вода.

Најчитани вести