Македонија

Утре во прекин сообраќајот на два патни правци

Утре во прекин сообраќајот на два патни правци
Прекин на сообраќајот на патот Кичево–Охрид

Поради изведување на градежни работи утре во прекин ќе биде сообраќајот на патните правци Кичево-Охрид и Кривогаштани-Крушеани.

На патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, сообраќајот ќе биде во прекин од 16 до 17 часот поради минирање.

На патниот правец 2335 Кривогаштани-Крушеани ќе биде затворен сообраќајот за секаков вид на моторни возила во период од 05-08 часот поради градежни активности за водовод.