Утре времен режим на сообраќај на улицата „Џон Кенеди“

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека утре поради изведување прекоп на крстосницата на булевар „Џон Кенеди“ со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, сообраќајот ќе се одвива под посебен режим.

При изведбата на прекопот, во ниту еден момент нема да биде затворена за сообраќај улицата, туку ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе се постави сигнализација.

Град Скопје апелира до учесниците да се придржуваат на поставената сигнализација, за безбедно и непречено одвивање на предвидените градежни работи, како и на сообраќајот.

Прекопот се изведува поради дислокација на подзени кабли кои се наоѓаат на трасата на градежните работи на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.