Утре времен сообраќај на улицата Трета македонска бригада

Утре времен сообраќај на улицата Трета македонска бригада
Утре времен сообраќај на улицата Трета македонска бригада

На дел од улицата Трета македонска бригада утре од 8 до 17 часот ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Како што информира Град Скопје, привремениот сообраќен режим се воведува поради прекопи за поставување подземни инсталации кои ќе се изведуваат на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев. На коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.