сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Утре заладување и до 10 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.

vreme-soncevo-so-umerena-oblacnost

Последни вести

Утринската температура ќе се движи од осум до 13, а дневната од 26 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево  со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе има значително опаѓање на дневната температура за 7 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Потоа до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со дневни температури во рамките на просекот за овој период од годината.

Најчитани вести