Утре започнува фестивалот „Охридско лето“

Утре свечено ќе биде отворено 54 – то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот Ѓорѓе Иванов, годинава ќе биде отворен со гала концерт посветен на Џузепе Верди, на кој ќе настапат Македонската Филхармонија под диригентство на Луис Горелик од Аргентина, како и г-ѓа Барбара Фритоли, сопран од Италија и г. Лео Нучи, баритон од Италија.

На отворањето збор ќе земе претседателот Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.