Македонија

Утре започнува манифестацијата „Три круши 2014“

Утре започнува манифестацијата „Три круши 2014“

Деветото издание на Културното лето на Општина Кисела Вода „Три круши 2014“ започнува утре со почеток во 20:30 часот.

Манифестацјата ќе биде отворена со голем концерт  на  Оркестарот на народни инструменти, Големиот народен оркестар  и оркестарот Чалгии, заедно со вокалните солисти Анастасија Петреска, Владимир Попоски и Елена Ѓеорѓиева.

Во рамки на едномесечната програма се предвидени голем број на концерти на еминентни музичари,  театарски претстави  и филмски проекции, настапи на културно-уметнички друштва…И оваа година, традиционално , главната улога ќе им биде доделена на македонските пејачи, актери, играорци, уметници , бидејќи оваа манифестација носи македонски предзнак и ги афирмира македонските вредности, традиции и култура. Накратко, од програмата ќе ги споменеме Сузана Спасовска, Академци, квартетот ,, Македонска душа,, предводен од  Зоран Џорлев,  Ѓоко Танески, Миле Кузмановски, КУД Китка, ансамблот Македонија, театарот „Пампур“ и емитувањето на филмот „Трето полувреме“ кои се распоредени во петоците и саботите, со почеток во 20часот и 30 минути. Театарската претстава “Не се клади на Енглези” во кои ќе ги видиме Сашко Коцев, Александар Микиќ и Оливер Митковски ќе се емитува во недела, на 20ти јули,а за љубителите на спортот, општина Кисела Вода на 13ти јули со почеток во 21 часот, организира заедничко следење на финалето на Светското фудбалско првенство во Бразил,преку голем видео бим. Културното лето” Три круши 2014” ќе трае се до 26 јули.