Утре започнува NASA Space Apps Challenge 2015 во Македонија

Од 9 до 11 април во просториите на TelekomInnovationCenter ќе се одржи глобалниот хакатон NASA SPACE APPS CHALLENGE 2015, каде учесниците ќе ја имаат можноста во период 48 часа да работат на предизвици поставени од НАСА.

Настанот ќе се реализира од 9ти до 11ти април 2015 година на 135 локации во светот, а поради одличниот успех од мината година Скопје е координатор на 10 локации и тоа Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана. Интернационалниот настан “NASA SpaceAppsChallenge” е дводневен хакатон на кој тимови низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

Интересниот дел од натпреварот е тоа што младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар.

Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат  и претставници на компаниите и од ИТ индустријата.

Официјален домаќин и координатор на NASA SpaceAppsChallenge на сите 10 локации е NewMan’sBusinessAccelerator, а локален генерален партнер е Амбасадата на САД во Македонија со партнерите Knowbook, PlusOne, T- Mobile, IBM, JetBrains, Netcetera, Стопанска Банка АД Скопје, FX3X, Iborn, Haselt и Istyle.

Најновите новости за настанот е тоа што победничкиот тим од овие 10 локации ќе добие 2 бесплатни карти за учество на PioneersFestival 2015, кој се одржува во Виена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.