Утре започнува трката за пратеници во Собранието

Кампањата за предвремените парламентарни избори, кои што треба да се одржат на 27-ми април, започнуваат утре.

За вкупно 123 пратенички места во македонското Собрание ќе се борат 1.402 кандидати на 14 листи на пратеници поднесени од пет коалициии и девет политички партии.

Прв на листата на избирачкото ливче за предвремените парламентарни избори е СДСМ со коалициските партнери, ДПА е под реден број 2, коалицијата „Достоинство“ е трета по ред, бројот четири го има ДУИ, под редниот број 5 е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 6 – НДП, 7 – НДН, 8 коалицијата ГРОМ, 9 коалицијата „За позитивна Македонија“, 10 – ВМРО-НП, 11 – СДПМ, 12 ПЕП 21, 13 – ПДП и под редниот број 14 е ПЕИ.