Утринава 87 сантиметри снег во Маврови Анови

Осумдесет и седум сантиметри снежна покривка се измерени утринава во 7 часот во Маврови Анови.

Во Ѓуриште има 35 сантиметри снег, 30 Пожаране, 25 Крушево, 24 Лазарополе, 22 Пожар, 2 Крива Паланка.

Утринава температурите изнемерени во седум часот се: -6 Лазарополе, -4 Маврово, Крушево, -3 К. Паланка, -2 Берово, Претор, -1 Охрид, Виница, Дебар, 0 Штип, Д. Капија, Прилеп, Струмица, 1 Скопје – Петровец, Куманово, 2 Скопје – З. Рид, Битола, 3 Кавадарци, 4 Гевгелија и Дојран.

Денес нè очекува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер, а дневната температурата ќе достигне до 9 степени.