Утринскиот секс го крева расположението и го зајакнува имунитетот

Ако незнаете како да го започнете денот во добро расположение, одговорот е мошне едноставен: препуштете им се на игрите во постелата. Според едно истражување  лицата што водат љубов веднаш штом че се разбудат се поздрави и посреќни, а доброто расположение им е загарантирано во текот на целиот ден. Освен тоа, утринскиот секс го подобрува квалитетот на косата, кожата и ноктите.

Сексот во утринските часови го ослободува т.н. „хормон на љубовта“ окситоцин, поради што двојките чувствуваат љубов и поврзаност во текот на целиот ден, вели докторката Деби Хаберник.

Хаберник е автор на книгата „Because it feels good“ и во неа пишува за придобивките од утринскиот секс.

Ве прави појаки и поубави. Утринскиот секс може да го зајакне вашиот имунолошки систем за само еден ден затоа што го зголемува нивото на антитела што не штитат од инфекции. Исто така го зголемува нивото на естроген со што се подобрува тонусот и структурата на кожата и косата, тврди таа.

Истражувањето на универзитетот Квинс во Белфаст открили дека водењето љубов три пати неделни може за 50 отсто да го намали ризикот од срцев или мозочен удар.

Истражувањата на универзитетот Нотингам покажало дека мажите што имале редовен секс во 50-тите години имаат помали шанси за  развој на рак на простатата.

Заклучок: Потрудете се да се разбудите секој ден 15 минути порано за да можете да уживате во благодетите на утринскиот секс во текот на целиот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.