Утрото студено и магловито, денот сончев

сончево

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од шест до 10 степени.

Во Скопје слично време, претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до шест степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури и појава на магла во утринските часови. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и опаѓање на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.