Утрово грч студено, замрзна Дојранско езеро

Утринава насекаде во земјава е многу студено така најниската измерена температура на воздухот се движеше од -17 степени во Берово до -8 во Гевгелија, а во Дојран е измерена -7 степени и предизвика смрзнување на Дојранското Езеро до 2 см длабочина.

Измерени температури во 07:00 часот: -17 степени во Берово, -15 Тетово, -14 Куманово и Маврово,-13 Битола и Кр.Паланка, -12 Скопје-Петровец и Прилеп, -11 Скопје-Зајчев Рид, Д.Капија и Лазарополе, -10 Штип, Охрид,Кавадарци, Струмица, Виница и Крушево,-9 Претор, -8 Гевгелија до -6 во Дојран.

Според УХМР, денеска не очекува сончево и релативно студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од -4 до 4 степени.

Скопје слично време со температура до 1 степен.

И во петок ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурите. Во сабота и во недела кон крајот на денот можна е појава на локален дожд. Значителна промена на времето се очекува во недела во текот на ноќта и во понеделник со засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи претежно од снег.