Утрово најладно во Берово, Тетово и Битола

Најниска температура утрово е измерена во Берово минус шест. Температури под нулата се измерени и во Тетово и Битола минус два, и во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица минус еден.

Во Маврово, Прилеп, Скопје, Штип, Дебар и Куманово нула, во Кавадарци еден степен, два во Лазарополе, Охрид, Претор и Виница, 4 во Гевгелија и 6 степени во Дојран и Крушево.

Утринава во земјава времето е сончево и студено со мала до умерена облачност. По одделни котлини како и јужниот дел на Повардарието има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 15 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа.

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб  ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.

Сончево со мала облачност и со слаб  ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.

Нашето подрачје и понатаму ќе биде во поле на атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна и сува воздушна маса. До среда под влијание на потопла воздушна маса дневните температури ќе бележат благ пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали. Од четврток ќе потпаднеме под северно воздушно струење кое ќе предизвика постепено опаѓање на дневните температури.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.