Утрово најстудено во Берово и Маврово

Утрово во Берово и Маврово беше најладно, со измерени минус два степена, а највисока беше температурата во Дојран, 10 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени. Во Скопје слично време со температура до 15 степени.

Како што информира УХМР, до средината на неделата ќе преовладува сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер Во четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд.