вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 46

Утрово најстудено во Берово

studeno vreme

Поврзани вести

Берово утрово е најстуден град во Македонија. Според УХМР таму се измерени минус 10 степени. Во  Маврово  -8 , во Скопје и Крива Паланка -7, Тетово, Лазарополе, Битола, Демир Капија и Дебар  -6, Прилеп, Штип, Струмица, Крушево и Куманово -5, Охрид, Претор и Кавадарци -4, во Виница -3, Виница,  Гевгелија – 2 и  Дојран 1.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро со слаб ветер од променлив правец. Утрово по одделни котлини има појава на слаба магла, а повеќе магла има само во Демир Капија каде што видливоста е намалена на 100м.

Претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 7 до 13 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и температура до 9 степени.

Утре променливо облачно, со можност за дожд во западните делови

И понатаму ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време. Утре ќе биде променливо облачно, особено во западните делови, каде е можен и слаб локален дожд, а повеќе сончеви периоди ќе има во источните делови.

Mожност за дожд во западните делови

Mожност за дожд во западните делови

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Од понеделник ќе има повеќе услови за појава на магла по котлините, што ќе придонесе тука да има и пониски температури.

Најчитани вести