Утрово најстудено во Лазарополе, Берово и Маврово

умерена

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност претпладне. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево и посвежо, со мала до умерена облачност претпладне. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималната температура до 13 степени.

До среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во јужен. Во среда и четврток ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во четврток ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок и врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.