Македонија

Утрово студено, преку ден облачно со дожд

Утрово студено, преку ден облачно со дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со дожд и ветер. На повисоките места се очекуваат врнежи од снег.

Утринската температура се движи од минус два до пет, а дневните од четири до 13 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 10-от степен.