Утрово воздухот најзагаден во Тетово

Високи концентрации на ПМ10 честички, кои се движат од 100 до 300 микгрограми на метар кубен утрово се регистрирани во скопскиот регион, Тетово, Битола, Кичево и Кочани.

На мерната станица во Тетово во девет часот утрово се измерени 516 микрограми, а во текот на ноќта максималното ниво кое изнесувало 833. Од скопските општини најзагадено е во Центар со 296 микрограми, следуваат Карпош со 282, Гази Баба 194, Лисиче 172, а кај Ректоратот се измерени 150 микрограми на метар кубен.

Во Кичево се регистрирани 142 микрограми, во Кочани 101 и во Кавадарци 68 микрограми на метар кубен.