Балкан

Утврден идентитетот на атентаторот од аеродромот во Бургас

Утврден идентитетот на атентаторот од аеродромот во Бургас

Утврден идентитетот на извршителот на бомбашкиот напад од 18 – ти јули 2012 – та година на аеродромот „Сарафово“ во Бургас, во кој загинаа еден бугарски и петмина израелски државјани. Станува збор за Мохамад Хасан ел Хусеини, кој користел фалсификувана возачка дозвола на име Жак Мартен Фелип.

Хусеини е роден во Либан на 27 мај 1989 година. Тој има либанско и француско државјанство и бил член на групата што учествувала во изршувањето на нападот, во која биле вклучени и претходно идентификуваните Мелиад Фарах (користел возачка дозвола на име Брајан Џеремаја Џејмисон) и Хасан Ал-Хаџ Хасан (користел возачка дзовола на име Ралф Вилијам Рико).

Познато е дека пријателите и роднините на Хусеини на социјалните мрежи објавиле пофалби за неговата смрт во улога на „маченик“.

Истрагата, водена од Окружното обвинителство во Бургас, и натаму трае.