Македонија,Крими хроника

Утврден идентитетот на мртвото момче од Кумановска Река

Утврден идентитетот на мртвото момче од Кумановска Река

Дваесет и двегодишниот Мартин Митровски утрово околу 9:20 часот бил пронајден мртов во Кумановска Река, дознава Press24 од полициски извори. Тој во текот на вчерашниот ден од своите најблиски бил пријавен како исчезнат.

Полициските екипи неговото тело пред малку го извадија од водите на Кумановска Река, а по идентификацијата телото е предадено на обдукција. Истрагата ќе покаже дали Мартин починал од давење или смртта настапила поради други причини.

Според првичините и се уште неофицијални информации кои ги добил нашиот репортер од своите извори во МВР, првичната анлиза покажала дека на телото нема знаци на насилна смрт.