Утврден идентитетот на починатата жена во големиот пожар во Велес

Седумдесет и пет годишната Јелица Б. е жената која почина синоќа во големиот пожар во Велес во избувна половина час по полноќ.

Во пожарот повредени се четири лица. Истиот избувнал од засега непознати причини во две куќи на местото викано Дворови. За катко време пожарот се проширил и зафатил уште три куќи кои се изгорени.

Пожарот е ставен под контрола, а од полицијата велат дека увидот ќе се врши откако ќе бидат овозможени услови за тоа.

 

ФОТО: Дума.мк