Утврден идентитетот на повредените во сообраќајката кај Катланово

Сите седуммина повредени во вчерашнaта сообраќајна несреќа кај Катланово се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Најтешко повредена е 30-годишната О.М. сопатничка од „Мерцедесот“ со велешки регистерски таблички. Од овој автомобил со повреди се здобиле нејзиниот сопруг, кој го управувал возилото, Љ.М. (33), како и нивниот 10 годишен син.

Во „Голфот“ со косовски таблички, исто така повредено е цело семејство. Л.М. (34) кој го управувал возилото, неговата сопруга Т.М. (31) и нивните две деца, син и ќерка, кои се на возраст од 8 и 5 години.

Несреќата, како што е познато се случи вчера околу 14 часот на патот Катланово-Велес при директен судир на двата автомобили. Сведоци велат дека косовскиот автомобил возел во спротивна насока на автопатот од Велес за Скопје, најверојатно грешејќи ја делницата, додека „мерцедесот“ претекнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување, непосреднижо пред судирот.