Утврден идентитетот на жената удавена во Вардар

Полицијата го утврди идентитетот на починатото женско лице, чие тело вчера беше извадено од водите на Вардар кај Злокуќани.

Станува збор за 81-годишната скопјанка Надежда Х., чие тело во фаза на распаѓање беше забележано од рибар кој го пријавил случајот.

Телото на Надежда било идентификувано од нејзин роднина, а по извршената обдукција ќе бидат познати причините за смртта.

Неофицијано, на нејзниното тело немало видливи траги на насилство.