Утврден идентитетот: Штипјанец загина во тешката ообраќајка

Педесет и едногодишниот штипјанец Ацо С. е лицето кое го загуби животот во сообраќајната несреќа која утринава се случи на патот Штип-Кочани.

Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена во 5:35 часот, а во истата дошло до судир меѓу „Форд Фиеста“ која ја управувал сега загинатиот, и автобус со штипски регистерски таблички, во кој се наоѓал само возачот, 56 годишниот Т.П.

Телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Патот беше затворен за сообраќај до 8:40 часот, а подоцна се одвиваше по една коловозна лента.