Утврдени идентитетите на жртвата на несреќата кај „Капитол“ и на возачот кој избега

Познат е идентитетот на пешакот кој го почина откако беше прегазаен во саботата напладне кај трговскиот центар „Капитол“, како и на возачот кој возачот кој избега по несреќата.

Пешак беше прегазен околу 14,40 часто на булеварот „Јане Сандански“ во близина на Трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром. Според полицијата, несреќата се кога возач на „пежо“ со скопски регистерски ознаки удрил во 66-годиниот пешак А.Н. од Скопје и побегнал.

Повредениот веднаш со возило на Брза помош е префлен во Ургентен Центар, но лекарите не успеале да го спасат.

Набрзо по незгодата припадниците на полициската единица „Алфа“ го пронашле возачот, дваесет и осумгодишниот скопјанец А.Р. кој е приведен во Полициската станица Гази Баба, а пронајдено е и возилото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.