Македонија

Утврдени неправилности во фискализацијата во 58 објекти

Утврдени неправилности во фискализацијата во 58 објекти

Управата за јавни приходи во заедничките контроли со МВР и Државниот пазарен инспекторат од 4 до 12 ноември контролираа 150 објекти од кои неправилности во делот на фискализацијата се утврдени во 58, пренесе МИА.

Во Скопје се контролирани 40, а неправилности се утврдени во 16 објекти, во Тетово 13 при што неправилности се утврдени во 11 објекти, во Гостивар од 11 контроли неправилности се констатирани во осум, во Куманово од 11 контроли неправилности имало во девет, во Струга се контролирани девет објекти, а неправилности се утврдени во два. Во Велес имало контроли во 13 објекти од кои во пет имало неправилности, во Кичево од пет контроли во две имало неправилности, во Охрид од контролирани седум во еден. Во Кочани во трите контролирани имало неправилности.

Во контролата неправилности не се утврдени во Битола, Радовиш, Дебар и Берово.

Од Управата за јавни приходи наведуваат дека контролите се спроведуваат на целата територија на Република Македонија и се насочени кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, работното време и не се регистрира готовинскиот промет.

Редовните контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат продолжуваат.