четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 33

Увезени краставици од Албанија со двојно повеќе пестициди од дозволеното

Испитувањето и анализите добиени од страна на ДФЛ покажаа дека увезената краставица од Албанија содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца Metalaxyl која е отровна, изјави денеска Николовски.

Увезени краставици од Албанија со двојно повеќе пестициди од дозволеното

Увезени краставици од Албанија со двојно повеќе пестициди од дозволеното

Поврзани вести

Љупчо Николовски дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска обвини дека надлежните институции не ја извршувале функцијата и дозволиле увоз на краставици од Албанија кои содржат пестициди двојно повеќе од дозволеното.

– Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна – Албанија, купени на Кванташки пазар, за да се испита присуство на пестициди. Резултатите ги добивме, а тие се загрижувачки и алармантни. Испитувањето  и  анализите  добиени  од  страна  на  ДФЛ  покажаа  дека  увезената  краставица  од  Албанија  содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца  Metalaxyl која е отровна, изјави денеска Николовски.

Податоците за увозникот, извозникот и други релевантни податоци, додаде, ќе бидат службено доставени до надлежните институции за натамошно процесуирање согласно законските одредби со кои се третира безбедноста на луѓето и здравјето од контаминација со храна.

– Останува отворено прашањето зошто затаила контролата при увоз и кој дозволил овие отровни краставици да завршат да домашниот пазар. Дали сите фирми увозници се контролираат подеднакво и како потрошувачите да имаат доверба во институциите кои ги плаќаат, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Најчитани вести