Увид во изградбата на новиот далековод во Битола

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, генералниот директор на МЕПСО Синиша Спасов и директорот на подружницата на ОПМ Ацо Ристески, денеска ќе направат увид во работите на изградбата на нов двосистемски 110 кВ далековод што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ – „Битола 4“.

Посетата ќе се одржи на локација близу трансформаторската станица „Битола 4“, населба „Нова Битола“.