УЖ на ВМРО-ДПМНЕ организира тренинг обука

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на “Женската платформа за зголемување на партиципацијата на жените во јавниот и политичкиот живот” организира трениг обука во неколку модули и тоа:

  • Модул 1 – Политички систем
  • Модул 2 – Човекови права
  • Модул 3 – Јавни политики
  • Модул 4 – Градење на стретегии
  • Модул 5 – Политичка култура
  • Модул 6 – Мултикултурализам
  • Модул 7 – Лобирање и застапување
  • Модул 8 – Менаџмент на човечки ресурси
  • Модул 9 – Јавно говорништво
  • Модул 10 – Баланс меѓу професионалниот и семејниот живот

Унијата на жени ги повикува сите жени во Република Македонија да аплицираат за учество во својата пројавена сфера на интерес, согласно горенаведените модули. Аплицирањето се врши електронски на ik.uz.vmrodpmne.2018@gmail.comи писмено во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со доставување на кратка биографија. Приемот на апликации ќе се врши до 15.09.2018 година.