Ужас: Син и’ го пресекол вратот на мајка си и ја оставил да лежи во крв

Ужас: Син и' го пресекол вратот на мајка си и ја оставил да лежи во крв
Ужас: Син и' го пресекол вратот на мајка си и ја оставил да лежи во крв
Жена (52) е пронајдена синоќа во Белград во тешка состојба- со пресечен врат и претепана од нејзиниот син. Жената е пронајден на улица во полусвесна состојба, облеана со крв.

Таа синоќа е итно оперирана и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Според неофицијални информации, жртвата е нападната, а бројните повреди на нејзиното тело укажуваат дека таа се борела со напаѓачот. Се претпоставува дека, иако тешко повредена, таа излегла на улица за да побара помош.

Полицијата реагирала експресно и го уапсила нејзиниот син кој е осомничен за обид за убиство.

Синот има 27 години, и како што пишуваат српските медиуми, тој го признал делото. Се истражува евентуалната вмешаност на неговиот татко, односно сопругот на жртвата.