Ужас: Четиригодишно девојче убиено во Грција

Четиригодишната Ани Борисова е убиена, нејзиното тело е исечено на делови, кои на крај завршиле на отпад во близина на Атина.

Оваа шокантна информација ја соопшти грчката полиција како епилог на случајот со Ани, која се водеше за исчезнета, пишува еМагазин.

Полицијата за убиството го обвини нејзиниот татко, кој е приведен, а вчера беше приведена и нејзината мајка.

Полицијата ги потврди и шпекулациите на медиумите за овој брачен пар од Бугарија, дека и двајцата се тешки зависници од дрога.

Мајката на Ани ќе биде испитувана дали знаела за убиството. Претходно во неколку изјави за грчките медиуми таа даваше различни изјави како исчезнала Ани. Обвинета е за негирижа и загрозување на безбездност на дете. Таткото го призна убиството.

Полицијата вели дека овие шокантни информации за начинот на убиството се само мал дел од тоа што и се случило на Ани.