Ужас: Си ја задавил ќеркичката па се самоубил

Страшна семејна трагедија се случила вчера во Цетиње. Педесет и петгодишниот Д.Ј. ја задавил својата едногодишна ќерка, па се самоубил.

За ова убиство и самоубиство полицијата дознала вчера околу 14:50 кога планинар кој случајно поминувал покрај куќата почувствувал миризба и се посомневалл дека нешто не е во ред, па пријавил во полиција.

Според првичните иннформации од истрагата, полицијата се сомнева дека таткото го задавил бебето, по што извршил самоубиство.

– Бебето е пронајдено покрај еден камен недалеку од телото на таткото, која се самоубил со бесење. Полицијата дошло до информации дека на трагедијата и претходеле нарушени семејни односи помеѓу Д.Ј. и неговата сопруга С.С.Ј, изјавиле од полиција.

Д.Ј. се разделил од сопругата пред десетина дена. Наводно тој во неделата побарал од сопругата да ја земе ќерката, но не ја вратил во договореното време. Мајката се обидела да го пронајде сопругот кога од него добила порака дека повеќе нема да го види своето дете.

Таа веднаш пријавила во полиција, од каде веднаш започнале да трагаат по таткото и детето, но биле пронајдени дури по дојавата на планинарот.

– Се уште неможам да поверувам дека се случи ваква трагедија. Често пиев кафе кај нив и не сум видела ниту чула ништо лошо за нив, изјавила низ солзи нивна соседка за српски Блиц.

С.С.Ј е директорка на основното училиште во Цетиње, а сега починатиот Д.Ј. бил планинар. На лето тие често поминувале време во вилата во која биле пронајдени безживотните тела.