Ужас: Убиени на летување, девојката била и силувана

Момче и девојка од Велика Британија се пронајдени мртви на тајландскиот остров Ко Тао.

Младата Британка била силувана, па убиена, а недалеку од неа било пронајдено и безживотното тело на нејзиниот пријател.

Тие биле на забава на која присуствувале 50 луѓе.

-Момчето било удирано по главата и грбот, додека девојката има видливи повреди на лицето, наведува полицијата и додава дека најверојатно се убиени со камен.

Телата се пронајдени меѓу 4 и 5 наутро по локално време, а од журката заедно си отишле околу 1 часот по полноќ. Шокираните жители на ова познато туристичко место повикале полиција, која ги блокирала сите излези од плажата, но убиецот најверојатно побегнал.

Според првичните информации од истрагата, жртвите патувале одвоено, но се запознале во хотелот каде биле сместени.