Уживајте во убавото време уште денеска

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во северозападните делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб, претежно јужен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 20 до 26 степени.

Утре следи период на променливо облачно и свежо време со локален повремен дожд, особено во западните и јужните делови од земјата.