Уживајте во сончевиот викенд, од понеделник повторно дожд

Уживајте во сончевиот викенд. Според најавите, сончево време не очекува во текот на престојниот викенд, а наоблачување се очекува од недела попладне.

Од УХМР, најавуваат дека за време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во благ пораст.

Уживајте во сончевиот викенд, од понеделник повторно дожд
Уживајте во сончевиот викенд, од понеделник повторно дожд

Од недела попладне ќе се зголеми облачноста, кон југ ќе има повеќе сончеви периоди, а на север услови за краткотраен дожд. Во понеделник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Денес сончево со мала облачност

Во текот на денешниот ден не очекува сончево време со мала облачност, само во западните делови со умерена  облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.