Узурпирал црковен имот па доби кривична

Стружанец доби кривична за убиство во обид
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Педесет и седумгодишниот Н.Ш. од Голем Папрадник – Центар Жупа доби кривична пријава поради сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности “.

Пријавениот во текот на 2008 година, узурпирал 67 м² недвижност од катастарска парцела бр.1054 за КО Голем Папрадник – Центар Жупа сопственост на црквата Св. “Петка“ – МПЦ ОА, со намера за владение на недвижниот имот и со цел да го употреби за градба поради што изградил бетонски ограден ѕид и црковниот имот го припоил кон сопствената катастарска.

Дополнително, пријавениот се стекнал и со противправна имотна финансиска корист од 36.780 денари што како кирија за узурпираниот имот требало да ги плаќа од 2009 година врз основа на склучена вонсусдка спогодба.

Бидејќи Н.Ш. не се придржувал кон вонсудската спогодба, истиот по тој основ и во износ од 36.780 денари  ја оштетил МПЦ ОА.