Узурпирање на правото на изјаснување на граѓаните

Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, по секоја цена сака да го скрати најдемократското право на граѓаните преку референдум да одлучуваат за важните прашања за нивниот живот. Познавачите на состојбите велат да од власта решени по секоја цена да се градат домови за мигрантите.

Граѓаните низ многу населени места во Република Македонија бараат референдуми, каде ќе можат сами да одлучат ЗА или ПРОТИВ проектот на Владата за населување на бегалци. Досега во многу општини благодарение на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Советите изгласаа референдум и на граѓаните им е дадено правото сами да одлучуваат за иднината на своите општини.

Доказ за тоа е дека СДСМ сака да ги блокира референдумите е и вчерашната одлука на Советот на Оштина Центар, каде мнозинство се советниците на СДСМ, тие одбија самата точка за изгласување референдум да се стави на дневен ред. На вчерашната седница на Советот присуствуваше и министерката Мила Царовска, која пред советниците на СДСМ да изгласаат да ја нема на дневен ред точката за расправа за Стратегијата за населување и интеграција на бегалците, ја напушти седницата и не ги сослуша советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров истакна дека Царовска одржала партиски говор.