В недела групна венчавка во Куманово

Во црквата „Света Петка“ во кумановско Бедиње в недела, за прв пат се организира групна венчавка. Митрополитот кумановско – осоговски Јосиф ќе изврши групна венчавка. До денеска се пријавиле 15 парови за групно венчавање, а сите заинтересирани можат да се пријават во Кумановско – осоговската епархија, објави порталот Кумановоњус.

„Целта на групната венчавка е луѓето кои се веќе во брак, а не се венчале да ја извршат таа обврска за да добијат благослов за семејство и деца. Од двојките кои досега се пријавија повеќето се пет и повеќе години во брак, само се регистрирале, живеат заедно, но не се венчале во црква“ вели Игор Здравковски, лице задолжено за односи со јавност во Кумановско – осоговска епархија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.