В недела и понеделник дожд, потоа следи стабилно и топло време

В недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно со повремен локален дожд, најавуваат метеоролозите.

Потоа, во следните денови ќе преовладува стабилно и потолно време, со можна појава на утринска магла по котлините.

За утре, според најавите на метеролозите, ќе не’ очекува променливо облачно време со повремени сончеви период. најниската дневна температура ќе биде регистрирана во Битола со максимални пет степени, додека во Гевгелија ќе биде најтопло со максимални 13 степени.

В недела температурата ќе се движи од шест до 12, а исто време ќе се задржи и во празничниот понеделеник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.