В недела ќе се осветува црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци

На голема радост на сите кавадарчани и македонци христијани, в недела, 18 октомври, ќе биде осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Преподобна” во Кавадарци.
По тој повод,  Македонската православна црква, Повардарска православна епархија и ктиторите „Фени Индустри”, Општина Кавадарци, „Кожувчанка” и „Градба Промет” ги покануваат сите верници во недела, 18 октомври, од 8 часот да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата „Света Петка Преподобна”.
Според предвидената програма, со чинот на осветување на новоизградениот храм „Света Петка Преподобна” ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, господин господин Стефано во сослужение на Митрополитот Повардарски господин Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј и Митрополитот Брегалнички господин Иларион.
По чинот на осветување ќе следи и света Архиерејска Литургија, а по завршувањето на истата и Свечена трпеза на љубовта.

Изградбата на црквата „Света Петка Преподобна” започна пред пет години, а според верниците, но и експертите ова е една од најубавите цркви во Македонија градени во византиски стил од клесан камен.